| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Општински органи
|
|
 |
|
Macedonia News
|
 |
Македонија
Денови на Крале Марко на Матка
Скопје - 2008-05-18
Големаманифестација „Денови на Крале Марко“ денеска ќе се одржи во кањонот Матка, кајцрквата Свети Андреа.
Организаторите наманифестацијата Град Скопје и здружението на граѓани уметници „Уметнички творби“ посочуваат дека целта на манифестацијата епромовирање на македонското културно наследство, преку актуелизирање на живототи делата на средновековниот владетел Крале Марко.
Манифестацијата„Денови на Крале Марко“ ќе го презентира периодот когаовој историски и епски јунак живеел и владеел, но истовремено ќе ги афирмиракултурно - историскитеспоменици кои што датираат одтоа време.
Актерот Благоја Спирковски – Џумерко ќе изведе дел од монодрамата „Аз Марко“ од Бошко Смаќовски,а посетителите ќе имаат можност да пробаат храна и пијалоци, кои ќе бидатпоставени на трпеза од времето на Крале Марко.
Според најавите,во рамки на манифестацијата ќе биде презентирано и мултимедијалнототуристичко ЦД за Скопје на кое се поместени бројни значајни информации закултурно историски локации и споменици во градот, музеи, галерии, кина, театри,сместувачки капацитети, ресторани.
|
|
|
 |
|