ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам
•  Туризам

Општински органи
•  Стопанство
   - Манифестации
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам

•  Контакт
•  Impressum
 Манифестации
Советот на Општината ги врши следните работи:
  1. донесува Статут на Општината;
  2. донесува Деловник на Советот;
  3. донесува Програма за работа;
  4. донесува Буџет на Општината и завршна сметка на буџетот;
  5. донесува Генерален урбанистички план;
  6. донесува детални урбанистички планови и урбанистичка документација
    за населените места во Општината;
  7. донесува Програма за уредување на градежното земјиште;
  8. донесува Програма за изградба и одржување на локалните патишта;
  9. донесува Програма за јавно осветлување;
  10. донесува Програма за изградба, реконструкција и одржување на локалните водоводи;
  11. одобрува Програма за одржување на јавната чистота;
  12. одобрува Програма за одржување и користење на парковите и други јавни површини од локал но значење;
  13. одобрува Програма за одржување на гробиштата;
  14. одобрува Програма за одржување и користење на коритатана реките;
  15. донесува Одлука за јавна чистота;
  16. определува имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти
    од локално значење;
  17. донесува Одлука за начинот на превоз во градскиот и приградскиот сообраќај;
  18. донесува Одлука за одржување и користењето на јавните пазаришта;
  19. донесува Одлука за одржување на гробиштата и начинот на користење;
  20. го уредува начинот на чистење на оџаците и бунарите;
  21. го уредува одржувањето на јавниот простор за паркирање и начинот на негово користење;
  22. одлучува за основање на информативни гласила;
  23. дава мислење при основање на основни училишта
  24. именува и разрешува претставници во органите на управување на училиштата од основното образование и во установите од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита,предучилишното образование, здравствената заштита, заштитата на животните и билките и унапредување на животната средина;
  25. врши работи од областа на цивилната заштита;
  26. рши одделни овластувања во согласност со Закон врз добрата од општа употреба и врз природните богатства на подрачјето на Општината;
  27. основа управни и административни органи;
  28. основа инспекциски органи и служби и служби за правна помош на граѓаните;
  29. основајавни служби, јавни установи и јавни претпријатија;
  30. именува и разрешува раководни органи на јавните служби, установите и претпријатијата што ги основа, на предлог на градоначалникот;
  31. врши надзор и контрола над работата на органите и службите, установите и претпријатијата што ги основа;
  32. избира и разрешува претседавач на Советот;
  33. именува и разрешува секретар на Советот;
  34. основа комисија за работи од именување и разрешува ње на извршители на управните и административни во органите на Општината;
  35. формира надзорен одбор за вршење надзор над мате ријалното и финансиското работење во Општината;
  36. формира постојани и повремени работни тела
  37. доделува општински признанија и награди
  38. дава мислење по предлог законите што се однесуваат на Општината
  39. врши избори и именувања од својата надлежност
  40. врши и други работи.
Советот може да работи ако на седницата присуствува ат мнозинството од вкупниот број членови на Советот.
 
Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови, ако со овој Статут не е определено поинаку.
 
Статутот, Буџетот, завршната сметка на Општината и Деловникот на Советрт се донесуваат со мнозинство гла сови од вкупниот број членови на Советот.
 
За претресување на прашањата од својата надлежност Советот формира одбори, комисии и други работни тела.
 
Работните тела на Советот се формираат како постојани и повремени.
 
Мандатот на постојаните работни тела трае колку и мандатот на членовите на Советот.
 
Постојани одбори на Советот на Општината се:
 
- Одбор за финансии и буџет;
- Одбор за јавни и комунални дејности;
- Одбор за урбанизам;
- Одбор за заштита на животна средина;
- Одбор за општествени дејности;
- Одбор за месна самоуправа;
- Одбор за одбележување на празници и манифестации
 
и доделување на награди и признанија. Одборите се составени од 5 членови од кои 3 се членови на Советот на Општината.
 
Одборите на Советот на Општината:
 
- расправаат за прашања од областа за кои се форми рани;
- даваат мислења и предлози на Советот;
- ги разгледуваат предлозите на градоначалникот, на членовите на Советот и иницијативите на граѓаните од областите за кои се формирани.
 
Одборот за финансии и буџет ги разгледува лрашањата во врска со финансирањето на Општината и Буџетот и завршната сметка на Буџетот на Општината.
 
Одборот за јавни и комунални дејности ги разгледува прашањата од работата на јавните служби, јавните установи и јавните претпријатија на Општината.
 
Одборот за урбанизам ги разгледува генералниот и деталните урбанистички планови и друга урбанистичка документација.
 
Одборот за заштита на животната средина ги разгле дува прашањата и проблемите од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина.
 
Одборот за општествени дејности разгледува прашања од значење за развојот на мрежата и установи од областа на културата, спортот, социјалната и детска заштита, предучилишното образование, основната здравствена заштита, заштитата на животните и билките, како и прашања од други области од значење за интересите на граѓаните.
 
Одборот за месна самоуправа ги разгледува, насочува и кординира прашањата и проблемите што се од значење за работата и делувањето на месните заедници и другите облици на месната самоуправа во Општината.
 
Одборот за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија ги разгледува прашањата во врска со одбележувањето на празниците и манифестациите од значење на и врши доделување на признанија и награди согласно на Одлуката на Советот.
 
Постојани комисии на Општината се:
 
- Комисија за мандатни прашања, избори и именувања;
- Статутарно-правна комисија;
- Комисијата за меѓунационални односи.
 
Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања:
- разгледува и подготвува предлози кои се однесуваат
    на мандатно-имунитетните прашања; - разгледува и подготвува предлози за избор и имену
    вања и разрешувања од надлежност на Советот на
    Општината;
- определува плати, надоместоци и други примања на избраните и именуваните лица;
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... Читај повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... Читај повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... Читај повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... Читај повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... Читај повеќе

2008-07-04
Заврши штрајкот на возачите во Индија ... Читај повеќе

2008-07-04
Започнаа преговорите меѓу Русија и ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Експлозии во Софија со слаб интензитет, оставка на зам. началник ... Читај повеќе

» alle Nachrichten