| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Општински органи
|
|
 |
|
Распоред по месеци
|
 |
Движењето на просечните температури на воздухот во Куманово може да се види од следнава табела:
| Период 1951-1980 година во ºC |
| Месец |
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
Год. |
Амплит. |
| Темп. |
0.4 |
2.8 |
6.3 |
11.6 |
16.4 |
20.3 |
22.3 |
22.1 |
17.8 |
12.1 |
7.0 |
2.1 |
11.8 |
21.9 |
Од наведените податоци се гледа дека сите месеци имаат средномесечна температура повисока од 0°С. По годишни времиња, секако, највисоки температурни вредности има во летниот период, а најниски во зимскиот
дел од годината. Од преодните годишни времиња есента има повисоки температурни вредности од пролетта: Според наведените просечни температури најстуден е јануари со 0,4°С, додека во летниот период температурните
вредности скоро се изедначени но, со највисок просек во јули (22,3°С). Апсолутните минимални температури во Куманово, со вредности под 0°С се јавуваат од октомври до мај, а нa 27.01.1954 година е измерена апсолутна
минимална температура од -24°С. Со оваа температура Кумано во спаѓа во места каде апсолутните минимални темпе ратури се доста ниски.
Апсолутни максимални температури на воздухот, пак, во сите месеци во годината се над нула степени Целзиусови. Во сите месеци во годината (освен јануари) има измерено максимални температури над 20 С, што укажува дека и
во зимскиот период има појава на периоди со високи дневни температури. Апсолутна максимална температура на воздухот е постигната меѓу 21 и 22.08.1952 година, кога се измерени 40°С. Разлика меѓу апсолутната максимална и
минимална температура укажува дека годишното колебање на температурата е големо и изнесува 64°С, што е карактеристично за умерено континентална клима.
Во врска со температурата на воздухот различно е и траењето на есенските и пролетните мразеви. Во есен мразот најрано се појавува во половината на октомври, а најдоцна при крајот на ноември. Во пролетните месеци најраниот
мраз се појавува при крај на март, а најдоцниот при крај на април. Мразевите нанесуваат големи штети на земјоделството,особено пролетните култури, при што повеќе страдаат овошните насади и градинарските култури.
Движењето на просечните месечни и годишни количини на врнежи во Куманово за период од 1951 до 1980 година, може да се види од следнава табела:
| Просечни месечни и годишни количини на врнежи во мм |
| Месец |
I |
II |
III |
IV |
V |
VI |
VII |
VIII |
IX |
X |
XI |
XII |
Год. |
| Врнежи. |
38.9 |
34.6 |
35.7 |
42.8 |
72.1 |
57.6 |
43.6 |
30.2 |
39.1 |
52.8 |
58.8 |
43.1 |
549.3 |
Просечна годишна количина на врнежи во Куманово во наведениот период изнесува 549,3 мм на квадратен метар и спаѓа во второ подрачје во Македонија според сушност.
|
|
|
 |
|