| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Општински органи
|
|
 |
|
Демографија
|
 |
Структурата на населението во општината Куманово е доста хетерогена, како во самиот град, така и во поголемиот дела на селските населби живее население од повеќе националности и етнички групи, разновидна образовна, старосна и полова структура, со разни обичаи, вероисповед и навики, разновидни занимања и други карактеристики.
Население по место на живеење
Според пописот од 1991 година во општината Куманово живееле 135.482 лица, што претставува 6,66 % од вкупното население во Република Македонија, додека според пописот од 1994 година во општината Куманово живеат 126.543 лица или околу 6,55 % од вкупното население во Републиката, што во споредба со предходниот попис е намалено за 0,11 %.
Во општината Куманово дел од населението живее во градот како градско население и дел во селата како селско население. Во градот населението е вработено во општествениот (државен) сектор и индустријата, а во селата се занимава со земјоделство, сточарство и помал дел е во работен однос во општествениот сектор.
Движење на населението во општината Куманово според местото на живеење од 1900-1994 година |
| Год. |
Вкупно |
% |
Селско |
% |
Градско |
% |
Вк. |
с. |
гр. |
1900
1921
1948
1953
1961
1971
1981
1991
1994
1991
1994
|
44.179
56.655
81.954
89.977
99.920
113.431
126.118
135.529
126.543
2.033.964
1.936.877
|
100
"
"
"
"
"
"
"
"
"
"
|
29.649
40.535
61.376
66.192
68.075
65.622
63.030
66.278
60.306
825.070
799.754
|
67,2
71,2
74,9
73,6
67,9
57,9
49,9
48,9
47,6
41,9
41,4
|
14.530
16.120
20.578
23.785
31.845
47.809
63.088
69.251
66.237
1.181.894
1.137.121
|
32,8
28,8
25,1
26,4
32,1
42,1
50,1
51,1
52,4
58,1
58,6
|
100
128
186
204
226
257
285
307
286
100
95
|
100
137
207
223
230
221
213
224
203
100
97
|
100
111
142
164
219
329
434
434
456
100
96
|
Вкупниот број на жители во градот во текот на овој век е зголемен за 4,5 пати, додека бројот на жителите во селата е зголемен за 2 пати.
Само во периодот по Втората Светска Војна бројот на жителите во градот е зголемен за 3,5 пати, а во селата нема никакво зголемување по војната.
Во општината Куманово живеат 112 жители на 1 километар квадратен, додека во Р. Македонија на 1 километар квадратен живеат 79,1 жител, што покажува
дека општината по густина на населеност е над просекот во Републиката.
|
|
|
 |
|