| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Општински органи
|
|
 |
|
Локација на општината
|
 |
Куманово со околината што гравитира кон него се наоѓа во северниот дел на Република Македонија. Оваа територија најсеверните делови ги има северно од Козјак, во атарот на с.
М'гленце, во долината на Мала Река, а најјужната точка се наоѓа во атарот на с. Живење. Најзападната точка е во областа на Скопска Црна Гора, западно од Лукарско Маало во с.
Гошинце, а крајните источни делови се наоѓаат кај с. Длабочица, одн. источно од него (кота 1126). Од северната до најјужната точка растојанието изнесува 43 км.
воздушна линија, а во правец исток-запад растојанието е поголемо и изнесува 50,4 км.
Областа на Куманово од соседните области од западната и северната страна е одделена со делови на стари и грамадни планини.
На запад се издигаат ограноците на Скопска Црна Гора, кои во овој крај се познати и како Карадаг. На север се наоѓаат падините
на оголениот Руен, а падините на средновисокиот Козјак се спуштаат во Трговишката област. На исток е планината Герман и Славишката Котлина, додека од јужна и југоисточна страна
со ритчести терени и Градишка Планина брановидното кумановско поле е одделено од Скопската Котлина и Овче Поле.
Во рамки на наведените граници областа на Куманово, главно, се поклопува со денешната територија на Општината Куманово, што зафаќа површина од 1 212 км2. и претставува 4,71% од територијата на Република Македонија.
|
|
|
 |
|