| ГЛАВНО МЕНИ |
Општи информации
Деловни информации
Општински органи
|
|
 |
|
Патна мрежа
|
 |
|
За сообраќајна поврзаност со соседите, и други области, денес поголемо значење има Моравско-вардарската долина по која минува железничка линија и асфалтиран автомобилски пат,
кој на делот јужно од Куманово е изграден како современ автопат. Преку овој пат Куманово на југ има добра сообраќајна поврзаност со Скопје и долината на Вардар, а на север со Јужно-моравскиот регион. Во напореден правец и денеска се користат два патни правци. Едниот од нив оди, главно,
по долината на Крива Река, кон Крива Паланка и соседната Бугарија. На овој патен правец во поголем дел е изграден современ магистрален автомобилски пат, а со довршување на изградбата на железничката линија до границата со Бугарија ќе се овозможи полесно и побрзо поврзување со неа. Од овој патен правец кај с.
Страцин се одделува еден крак кој овозможува сообраќајна поврзаност со Кратово. Вториот патен правец оди на југоисток и преку Овче Поле се одржуваат врски со источна Македонија. По долината на реката Пчиња Куманово се поврзува со Трговишката област и сообраќајниците по долината на Јужна Морава.
|
 |

Освен наведените има и неколку локални патишта кои Куманово го поврзуваат со околината. Таков е патот кон подгорнината на Скопска Црна Гора (Куманово-Матејче), потоа кон селата Бајловце, Клечовце, Пчиња и др.

|
|
|
|
 |
|