ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
   - Водовод и канализација
   - Патна мрежа
   - Електрична мрежа
   - Мапа на општината
   - Локација на општината
   - Транспорт (во и до општина)
•  Демографија
•  Клима
•  Култура

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам
•  Туризам

Општински органи
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам

•  Контакт
•  Impressum
 Водовод и канализација
Јавното комунално претпријатие „ Водовод“ Куманово е задолжено за производство и дистрибуција на високо квалитетна вода за пиење на населението , индустрија лоцирана во урбаниот простор , јавните потреби (установи, училишта , касарни , зелени површини итн) одведување на атмосферски и фекални води и одржување на водоводните и канализациони системи во исправна состојба.
 
Општина Куманово добива преработена вода од филтер станица . Филтер станицата е хидрообјект за преработка на сурова вода во вода за пиење и ја добива од двете акумулациони езера Липково и Глажња лоцирани во Општина Липково.
Во текот на 2001 година од акумулацијата Липково преку челичен вод , стар вод и систем за наводнување е добиено 6 744 373 м3 вода. Истата е за 9% помала споредено со количините на добиена вода во претходна година
 
Вакво отстапување е предизвикано воглавно поради:
  • Лошата хидролошка состојба , поради која акумулациите Липково и Глажња имаа минимум вода во зимските и летните месеци и
  • Прекинот на водоснабдување во текот на месецот Јуни и Aвгуст 2001 поради воените дејствија во Липковскиот регион.
Мора да напоменеме дека проблемот со водоснабдување на Општина Куманово е актуелен и акутен бидејќи до филтер станица пристигнува од 210 лт/с до максимум 270 лт/с вода , а потребите се над 400 лт/с
 
Отпадни води од домаќинствата и индустриски води
 
Градот располага со вкупно затворена канализациона мрежа во должина од вкупно 100.895,3 м од кои фекална канализација 82.419,8 и атмосферска 18.475,5м . Дел од канализацијата е прилично стар т.н. Гериз (турски збор за канал), каде интервенции се вршат примитивно со откопување , а останатиот дел е новоизградена канализација која се гради исклучиво според техничка документација.
Индустриските води воглавно се опфатени со цевководи и се влеваат позади Хотел Ку-ба во реката Кумановка , додека дел од нив а најалармантно е Сточарска фарма која фекалната канализација ја испушта во реката без никакво пречистување.
 
Како што е горенаведеното атмосферските води се одведуваат во затворена канализациона мрежа но само во должина од 18.475,5м што покажува дека сите делови на градот не се опфатени . Во иднина мора да се обрне поголемо внимание за реконструкција и доизградба на атмосферска мрежа.
 
Одвоен колекторен систем
 
Во текот е изработка на изведбено проектно , техничка документација главни проекти за одвоени фекални колектори во Куманово и тоа:
  1. Фекален колектор по новопланирана улица „ Октомвриска Револуција “ од ул. Доне Божинов до регионот на селата Режановце и Лопате во должина од околу 6 км.
  2. Фекален колектор од надвожњак за железничка прига во населба Никола Тесла до Свињарска фарма Речица и Крак до Горно Којнаре во должина од околу 6 км.
  3. Фекален колектор од ул. 11 ти Ноември до село Љубодраг преку с. Черкези во должина од 2.5 км.
  4. Фекален колектор од завршеток на постоен колектор кај локалитетот Донков Млин до прочистителна станица кај расадник на ЈП Чистота и Зеленило од Куманово во долшина од околу 4,5 км.
Пречистителни станици
Во тек е изработка на техничка документација за пречистителна станица, лоцирана во атарот на с. Доброшане на површина од 4hа со капацитет од 100.000 еквивалентни и цена на чинење од 10.милиони ЕУР со главен колектор од населба Гоце Делчев преку Кумановски бањи до пречистителна станица.
 
Иригациони системи
 
Мрежа за наводнување е поделена во 6 грани и два главни вода во должина од 1460 км. Каде што се наводнуваат над 6.500 hа првенствено во Липковска Општина и мал дел од Општина Куманово .
Технолошката вода е во вториот вод за тутунов комбинат во атарот на с.Матејче и II грана каде е доведена технолошка вода до сите поголеми индустриски капацитети (ФЗЦ 11 Октомври, Амбалажа, Кожара и др.)
 
Водовод
Проблемот со водоснабдување на град Куманово е алармантен и е нагласен во летните месеци каде во високите и средните зони на градот немаат вода и градот е поделен на две зони каде се врши рестрикција на 12:00 часа. Бројката на опсложуваната популација со квалитетна вода за пиење која ја опфаќа ЈП Водовод Куманово изнесува 95.000 жители.На системот за јавно водоснабдување се приклучени вкупно 27,564 водомери.
Убрзано се работи на доплпнителни извори на водоснабдувањето
  • Изведба на новиот цевковод за сирова вода, наречен Бај-пас од 4-таграна за на цевководот за наводнување до филтер станица.
  • Дренажен водоснабдителен систем во с. Бедиње со зафаќање од 60-70 литри/секунда (веќе е во завршна фаза)
  • Бунарски водоснабдителен систем во с.Проевце со капацитет од 50 литри/секунда, (се очекува да биде имплементиран до крајот на септември 2002 година.
  • Испитување на подземните резервоари во Краста и Костурник како можност за бунарска локација.
 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... Читај повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... Читај повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... Читај повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... Читај повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... Читај повеќе

2008-07-04
Заврши штрајкот на возачите во Индија ... Читај повеќе

2008-07-04
Започнаа преговорите меѓу Русија и ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Експлозии во Софија со слаб интензитет, оставка на зам. началник ... Читај повеќе

» alle Nachrichten