ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам
•  Туризам

Општински органи
•  Стопанство
•  Трговски друштва
   - Надлежности
   - Денови за прием на граѓаните

•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам

•  Контакт
•  Impressum
 Надлежности
Градоначалникот ја претставува и застапува Општината.
 
Градоначалникот се избира на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање во согласност со Закон за период од 4 години.
 
Градоначалникот својата функција ја извршува професионално
 
Градоначалникот во рамките на своите овластувања: му предлага на Советот на Општината донесување на одлуки и други општи акти од негова надлежност; кога е изрично овластен донесува поединечни акти во согласност со Закон, Статутот, односно одлука на Советот;
  • раководи со управните и административните органи;
  • именува и разрешува главен архитект на градот;
  • именува и разрешува раководни лица на управните, односно административните органи на Општината;
  • именува и разрешува членови на градскиот совет на архитектура;
  • врши прием во работен однос и дава отказ од работа на лица за извршители во управните и административните органи во Општината по претходно добиено мислење од Комисијата за работи од именување и разрешување на извршители науправни и администр-ативни работи во органите на Општината. донесува акти за организација и систематизација на работните места во управните и административните органи на Општината;
врши и други работи утврдени со Закон и со овој Статут.
 
Градоначалникот има право да присуствува и учествува во работата на седниците на Советот без право на одлучување.
 
Градоначалникот со заклучок ги прогласува и објавува актите на Советот во службеното гласило на Општината, во рок од 7 дена од донесувањето.
 
Градоначалникот на Општината се грижи и презема мерки и активности за навремено и квалитетно извршување на одлуките на Советот на Општината.
 
Градоначалникот е должен во рок од 7 дена на Советот да му укаже не неуставноста и незаконитоста на актот, односно одлуката донесена во надлежностите за кои самостојно одлучува Општината.
 
Советот е должен актот, односно одлуката повторно а ги разгледа најдоцна 15 дена по укажувањето од страна на градоначалникотд.
 
Ако Советот на Општината го потврди актот, односно одлуката, градоначалникот е должен да ги прогласи.
 
Градоначалникот е должен ако актот, односно одлуката од став 1 на овој член не се усогласат со Уставот и Законот и по повторното разгледување од страна на Советот или ако Советот не го разгледа повторно актот, односно одлуката во предвиденирт рок да ја извести Владата на Република Македонија за неуставноста и незаконитоста на актот, односно одлуката во рок од 15 дена од денот на неговото донесување.
 
Градоначалникот се грижи за извршување на работите што со Закон и се доверуваат на Општината.
 
Градоначалникот е должен актите со кои се уредуваат работите од доверената надлежност без одлагање, а најдоцна до денот на објавувањето да ги достави до надлежниот орган на државната управа.
 
Градоначалникот управува со имотот на Општината како добар домаќин. Во управувањето со имотот на Општината градоначал никот е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на имотот во согласност со Закон.
 
Градоначалникот за преземените мерки го информира Советот.
 
За време на спреченост или отсутност до една година, градоначалникот го заменува член на Советот на Општина та кој го назначува градоначалникот.
 
За времето на заменување на градоначалникот, на членот на Советот на Општината му мирува функцијата член на Советот.
 
За работата на градоначалникот може да се покрене прашањето за негова доверба на предлог на најмалку 1/5 од вкупниот број на избирачи.
 
Предлогот за покренување на прашања за доверба на градоначалникот се поднесува до Општинската комисија за спроведување на изборите со потписи на граѓаните дадени пред надлежниот орган кој води евиденција заизбирачкото право на избирачите.
 
градоначалникот се поднесува до Општинската комисија за спроведување на изборите со потписи на граѓаните дадени пред надлежниот орган кој води евиденција за избирачкото право на избирачите.
 
Постапката за изјаснување на граѓаните по прашањето на недоверба на градоначалникот ја спроведува Општинската комисија за спроведување на изборите.
 
Одлуката за недоверба е донесена ако за неа гласале 51 % од вкупниот број на гласачи во Општината со што му престанува мандатот на градоначалникот.
 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... Читај повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... Читај повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... Читај повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... Читај повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... Читај повеќе

2008-07-04
Заврши штрајкот на возачите во Индија ... Читај повеќе

2008-07-04
Започнаа преговорите меѓу Русија и ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Експлозии во Софија со слаб интензитет, оставка на зам. началник ... Читај повеќе

» alle Nachrichten