ГЛАВНО МЕНИ
Општи информации
•  Инфраструктура
•  Демографија
•  Клима
•  Култура

Деловни информации
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам
•  Туризам

Општински органи
•  Стопанство
•  Трговски друштва
•  Градежништво
   - Јавни претпријатија
   - Јавни установи

•  Рударство
•  Земјоделство
•  Водостопанство
•  Туризам

 
•  Контакт
•  Impressum
 Јавни претпријатија
ЈП "ПАЗАРИШТЕ"-Куманово
 
Јавното претпријатие " Пазариште" Куманово , ул. Булевар Трета МУБ бб е основана 1954 година.
 
Административните простории на претпријатието се наоѓаат на Зелениот Пазар во Куманово.
 
Претпријатието стопанисува со единствениот зелен пазар, во Куманово и со добиточниот пазар во с.Долно Којнаре.
 
Зелениот пазар работи секој ден и е отворен во летен период од 06 до 18 часот и во зимски период од 07 до 17 часот . Пазарот работи независно дали е државен или верски празник , односно е отворен 365 дена во годината.
 
Пазарни денови се Четврток и Недела во кој период вообичајно има поголема количина на замјоделски и други производи и воопшто многу повеќе купувачи од околината на Куманово и соседните градови.
 
На зелениот пазар се продаваат вообичаени производи од областа на земјоделието но истовремено се продаваат и производи на бижутерија и галантерија, текстил, техничка стока, стари предмети, како и одредени домашни производи.
 
Добиточниот пазар работи само еден ден во неделата , односно во Среда , како пазарен ден за добиток.
 
Претпријатието што стопанисува со пазарите е регистрирано како јавно претпријатие со шифра на дејност 70.20-Издавање на сопствен и недвижен имот.
 
Од услугите претпријатието ги дава следниве:
  • Изнајмување тезги и продажни места за продажба на земјоделски производи.
  • Изнајмување специјални тезги за продажба на млеко,сирење, и други производи од млеко.
  • Дава под закуп сопствен деловен простор наменет пред се за трговија и разни услуги и
  • Изнајмување специјални контејнери за продажба на јајца
Покрај овие услуги претпријатието изнајмува ваги, врши вагарски услуги на добиточниот пазар и сл.
 
Покрај овие услуги претпријатието изнајмува ваги, врши вагарски услуги на добиточниот пазар и сл.
 
Претпријатието има вработено 25 работника , а директор на претпријатието е Бранко Петковски.
 
Сите информации во претпријатието особено околу услугите и резервацијата на тезгите и продажните места можат да се добијат на телефонот 031-413-004 , кај референтот Дарка Ѓорѓиевска.
 


ЈП "ВОДОВОД"-Куманово
 
  1. Пазарни карактеристики на ЈП " Водовод" Генерален директор на ЈП "Водовод " Куманово : Дипл. Инг. Станко Чуриќ
     
    Основна дејност: Собирање , прочистување и дистрибуција на
    вода за пиење и прехрамбена вода. 80%
     
    Споредни дејности:
    • Изградба на објекти од ниска градба 11%
    • Изградба на водоводна и канализациона мрежа
    • Реконструкција и одржување на улична и сообраќајна сигнализација како и редовно инвестиционо и зимско одржување
    • Поставување на водоводна и канализациони инсталации 9%
    • Врши прочистување на отпадни води
    • Врши поправки во механичарска работилница на своите сретства
    • Врши поправка на водомери и ги припрема за жигосување
    • Врши услуга со своја механизација во областа од ниско градба
    • Во своја лабораторија врши испитување на квалитет на вода
    • Изготвува техничка документација и врши надзор за објекти од ниско градба
     
    Стратегија на работењето:
     
    Најзначајна деловна стратегија во работењето на ЈП " Водовод " е да се подобри квалитетот на услугите што ги врши , а не остварување на најголем можен профит.
     
  2. Цените на услугите од основната дејност ( цена на вода )
     
      Цена во денари за м3
    Домаќинства
    Индустрија
    Медицински центар
    Училишта
    Корисници во тех. Вода за канализација
    Којнаре
    35.10
    37.75
    39.47
    44.77
     6.24
    28.64
     
    Во цените не е вклучен ДДВ од 5%
     
    • Наплата на сметките за потрошената вода генерално се врши преку инкасатори кои се распоредени на 17 реони на наплата
    • o Наплатата може да се врши и преку пошта со општа уплатница за сметка на ЈП "Водовод " Куманово ул. Фетка Наскова бр.22 на жиро сметка 40900-601-1188
    • Или во наплатните центри на ЈП "Водовод" на
      • Ул. Гоце Делчев бб-Градска цвеќара
      • Благајната во кругот на ЈП " Водовод "
     
    Информации во врска со наплатата на вода , заостанатиот долг, читање на водомери и др.
     
    Информации од слична природа , корисниците можат да добијат од службата за наплата , чиј раководител е Атанасовска Калина на телефон 031-20-323 или 031-423-144
     
  3. Цените на услугите од другите дејности на ЈП " Водовод "
     
    • Цени на работна рака за изградба на водоводен и канализационен приклучок
    •  
        Цена во денари
      - Водоводен приклучок на поцинкувана мрежа
      - Водоводен приклучок со спојница на мрежа од ф50-ф80
      - Водоводен приклучок со спојница на мрежа од ф100-ф200
      - Делење на водомер во шахта
      - Приклучок на канал со монтажа на прва цевка
      12.000
      14.000
      16.000
      6.000
      5.000
       
      За останатите водоинсталатерски работи цената се формира врз основа на калкулација на потрошен материјал и работна рака.
       
      Информациите за овој вид услуги граѓаните можат да добијат на телефон:
      031-20-323 или на телефон :031-423-144 од службата за одржување на водоводна и канализациона мрежа , чии раководител е Ромео Ивановски.

       
    • Цени за поправка , баждарење , монтажа и демонтажа на водомерот
    •  
        Цена во денари
      - Поправка на водомер - замена на стакло
      - Поправка на водомер-механизам
      - Поправка на водомер - жигосување
      998.50
      1.900.00
      650.00
     
    Дополнителни информации можат да се добијат од службата за баждарење на горе наведените телефони.Лице одговорно за службата е Денковски Свето.
     


ЈП "ЧИСТОТА И ЗЕЛЕНИЛО"-Куманово
 
Пpeтпpиjaтиeтo "Чиcтoтa и Зeлeнилo" пocoи oд 30.12.1950 гoдинa co решение нa тoгaшниoт гpaдcки нapoдeн oдбop. Дo 04.12.1974 гoдинa ce тpaнcфopмиpa co пpипojyвaњe и oдвojyвaњe oд дpyги пpeтпpиjaтиja, a oд 1974 гoдинa пocтoи кaкo кoмyнaлнa paбoтнa opгaнизaциja.
 
Bo дeкeмвpи 1989 гoд. ce зaпишyвa вo cyдcкиoт peгиcтap пpи Oкpyжниoт Cтoпaнcки cyд вo Cкoпje и пocтoи кaкo jaвнo пpeтпpиjaтиe co вpшeњe нa дejнocти oд oпшт општествен интерес.
Oд 1990 гoд. Пpeтпpиjaтиeтo paбoти кaкo jaвнo пpeтпpиjaтиe "Чиcтoтa и Зeлeнилo", a oд 24.02.1993 гoд. вo cocтaв иa JП има чeтиpи paбoтни eдиници.
 
Оснoвнa дејност нa Јавнoтo Претпријатиe "Чиcтoтa и Зeлeнилo"
-Кумaнoвo се состои вo:
  • oдpжyвaњe иa индивидyaлнa кoмyнaлнa хигиена,собирање,транспортирање и дeпoниpaњe нa смет oд гpaѓaни дo дeпoниja;
  • oдpжyвaњe нa индycтpиcкa кoмyнaлнa xигиeнa, coбиpaњe, тpaнcпopтиpaњe и дeпoниpaњe иa индyстpиcки и дpyг вид нa oтпaд oд paбoтни opгaнизaции дo дeпoниja;
  • oдpжyвaњe иa jaвнa, зaeдничкa-општа пoтpoшyвaчкa oд oблacтa нa кoмyнaлнaтa xигиeнa, мeтeњe, пepeњe и oдpжyвaњe нa jaвнo-пpoмeтнитe пoвpшини, yлици, тpoтoapи, плoштaди и cл;
  • чиcтeњe, тpaнcпopтиpaњe и дeпoниpaњe иa фeкaлии oд ceптички jами и oдpжyвaњe иa jaвни клoзeти;
  • oбaвyвaњe нa шинтepcкa cлyжбa, yбивaњe нa кyчињa и мaчки скитници
  • oбaвyвaњe нa пajaк-cлyжбa, пoдигaњe, тpaнcпopтиpaњe и чyвaњe нa нeиcпpaвнo и нeпpaвилнo пapкиpaни вoзилa и нa cтapи, xaвapиcани и оштетени вoзилa;
  • пpoизвoдcтвo и пpoдaжбa иa caкcиcкo и peзaнo цвeќe и нa зимзeлeни и лиcгoпaдни caдници;
  • пoдигaњe и oдpжyвaњe нз зeлeнo-цвeтни пoвpшини;
  • вpшeњe иa пoгpeбaлни ycлyги нa гpaдcкитe пpaвocлaвни и муслимански гробишта;
  • пpoдaжбa иa пoгpeбeн матepиjaл;
  • пpoдaжбa и мoнтиpaњe нa cпoмeници.
Opгaнизaциoнo JП "Чиcтoтa и Зeлeнилo"-Kyмaнoвo ce cocтoи oд:
  1. PE Чиcтoтa
  2. PE Зeлeнилo
  3. PE Гpoбиштa
  4. Зaeднички cлyжби
 
Paбoтнa eдиницa "ЧИСТОТА"
 
Во paмкитe иa JП "Чиcтoтa и Зeлeнилo" Kyмaнoвo eгзиcтиpa paбoтнaтa eдиницa "Чиcтoтa" кoja cвojoт дeл нa paбoтa гo oбaвyвa вo следните пpocтopии:
  • -Работилница со канал за поправка на возила која нема греење, и е за возила
  • до 8м3, додека поголемите возила се поправаат во отворена гаража со
  • настрешница.
  • Гумара и браварска работилница.
  • Бензиска пумпа со цистерна за гориво од 32 тони.
  • Паркинг плац од 200 м2 и просторот до речното корито од 320 м2.
  • 6 гаражи со настрешници.
  • Магацин од 20 м .
  • Магацин за стари делови од 15 м2.
  • Просторија за работници од 30 м2.
  • Стражара од 9 м2.
  • Просторија во која се наоѓа пумпа со бунар.
  • Депонија со гаража за булдожер и стражара.
Дејност на РЕ "Чистота ":
  1. Собирање и транспортирање на смет од домаќинства и индустрија. Метење на ЈПП и гребење (со чакли и лопати)
  2. Перење на ЈПП (машинско и рачно)
  3. Чистење на септички јами
 
РЕ "Чистота" вработува 105 работника
 
Работна единица "ЗЕЛЕНИЛО"
 
Работна единица "Зеленило" ги обавува дејностите кои се од општ интерес на градот и тоа:
 
  • подигање, уредување и одржување на зелени површини во градот;
  • подигање, уредување и одржување на дрвореди во градот;
  • уредување на парковите со парковски елементи и нивно одржување;
  • производство на цветен расад за потребите на цветните површини;
  • производство на дендро и друг вид на украсен и саден материјал, за потребите на градот и други правни и физички лица;
  • давање на сите услуги кои произлегуваат од областа на хортикултура и пејсаж архитектура и во врска со одржување на зеленилото и парковите.
 
Горе наведените дејности се обавуваат во повеќе реони. Работната единица "Зеленило" располага и со два расадника и тоа:
 
  • расадник за производство на цветен расад;
  • расадник за производство на саден материјал (зимзелени. листопадни, украсни грмушки и перени).
 
Расадникот за производство на цветен расад се наоѓа на улица "Братство и Единство" непосредно до Долен парк. Располага со површина од 4000 м2 и помошни објекти.
 
Расадникот за производство на саден материјал се наоѓа во с. Добрашане и располага со површина од 8ха. и други помошни објекти, (зграда, гаража и два пластеника). Работната единица располага и со цвеќара за продажба на саксиско и резано цвеќе како и материјал од сопствено производство.
 
Работна единица Зеленило има вкупно 40 работника.
 
Преглед на посадочен материјал во расадникот во с.Добрашане сопственост на ЈП.Чистота и зеленило
 
Дрвен вид Вкупен број
Catalpa Bignonoides - Каталпа
Betula Alba - Бела бреза
Fraxinus Ornus - Јасен
Tilia Grandiflora - Липа
Eleagnus Angustifolia - Елеагнус
Acer Platenoides - Јавор
Sophora japonica - Софора
Platanus Orientalis - Платан
Amorfa Fruticosa - Аморфа
Salix Alba-Пендула
Aesculus Hippocasstanum-Див костен
Prumus Cerasifera - Прумус
Hibiscus Syriacus - Хибискус
Picea Excelsa - Смреча обична
Picea Pungens - Смреча сребрена
Abies Alba - Елка
Cypresus Arizonica - Чемпрес
Cedrus Deodara - Кедар
Sequoia Gigantea - Секвоја
Pseudotsugo
Pinus Strobus - Бор
Larix Europea
Thuja Occidentalis - Туја
Chamaecyparis Laws.-Hamiciparis
Juniperus Horizontalis-Полегната киека
Украсни грмушки
Pyracantha Coccinea - Пираканта
Santolina - Сантолина
Жива сода
Трендафили
Buxus Sempervirens - Шимшир
Robinia - Багрем
Метла
2400
860
2156
69
87
636
230
193
994
404
759
72
462
1027
1414
53
1336
84
89
865
58
110
5344
427
343
2827
484
1360
6682
100
23
600
0
 
Тревници во паркови и плоштади
 
Соколански парк
Долен парк
Плоштад (Споменик)
Плоштад (мермерен)
Тревник на ул. 1 1-ти Октомври
Спомен Костурница
Октомвриска Револуција
3.000 м2
10.000 м2
4.000 м2
1.220 м2
3.000 м2
14.000 м2
40.000 м2
Вкупно: 75.220 м2
Цветни површини
Розариуми
Жива ограда
Асфалтни патеки
Боров насад
1.420 м2
4.836 м2
175 м2
16.500 м2
10 ха
 
Дрвореди кои се одржуваат и обновуваат низ градот се на следните улици: "Гоце Делчев", "Моша Пијаде", "Вараждинска", "11-ти Октомври", "Доне Божинов", "Народна Револуција" и "Кирил и Методи".
РЕ "Зеленило" во текот на годината врши одржување и подигање на зеленило и на сопствени објекти, како управна зграда, градски гробишта.
 
Работна единица"ГРОБИШТА"
 
Јавно претпријатие "Чистота и Зеленило" е организација која е задолжена за стопанисување со Градските -православни и муслимански гробишта во градот.
 
Во организациона смисла делува како Р.Е. "Гробишта" и да ги обавува следните задачи:
  1. Погребни услуги (превоз, сместување во капела, ископ на гроб, закопување);
  2. Одржување на гробишта
  3. Градежна оператива (правење бетонски огради околу гробни места, продажба и монтажа на споменици, изработка и монтажа на бекатон плочки за свои потреби.
Р.Е. Гробишта се организирани на две локации.
  • градски православни гробишта 160000 м2
  • градски муслимански гробишта 35000 м2.
Одржување на градски православни и муслимански гробишта
 
Само за одржување на православни гробишта потребен е одреден број на работници и тоа 6 работника. За одржување на муслимански гробишта потребно е 2 работника кои ќе бидат распоредени низ градските гробишта и ќе ги извршуваат следните операции:
  • косење трева, рачно и машински меѓу гробовите и слободни површини;
  • изнесување на искосена трева како и отпад (хартија и друг вид на смет со култиватор до одредена локација контејнер).
Расположиви средства на Р.Е.Гробишта
  1. Капела за престој на умрени со ладилник и санитарен чвор;
  2. Канцеларија за прием на граѓани за вршење на евиденција и уплати на гробни места и погреби со површина од 32 м2;
  3. Продавница за продажба на погребен материјал со површина од 48 м2;
  4. Магацин за погребни материјали;
  5. Просторија - Контејнер од 9 м2 за портирница;
  6. Просторија за парастаси од 230 м2 со подрумски дел од 140 м2 за магацин;
  7. Стара капела за складирање на градежни материјали и просторија за престој на работници;
  8. Просторија на муслимански гробишта од 30 м2.
АНАЛИЗА
 
За потребата за усвојување на нов ценовник на Јавното претпријатие "Чистота и зеленило" - Куманово
 
1.Физички (граѓански) лица и правни субјекти На 17.08.2001 год. во ЈП "Чистота и зеленило" надзор извршија Државниот комунален инспектор со своите соработници. Побарани се сите акти од работата а со тоа и ценовникот на ЈП. Направен е записник бр. 25-12383 во кој е констатирано дека ЈП работи со ценовник од 1995 година кој не е усвоен од Советот на Општината. На 18.03.2002 година добиено е ново Укажување бр. 25-3698 со кое се бара ВЕДНАШ Советот да го разгледа ценовникот во целина и даде согласност за негова употреба. Истиот МОРА да биде во согласност со Законот за отпад на РМ и да биде изразен во единица ден/м2 или ден/тон за обработка и депонирање на цврст комунален отпад.
 
Постапувајќи по добиените Укажувања, поаѓајќи од фактот дека мора да се промени начинот на пресметка т.е досегашна паушална наплата за физички и делумно правни суб-јекти, како и од фактот дека од 1995 година па досега цените на сите енергенти (горива, мазива, резервни делови, струја, вода и др.) драстично пораснаа а се воведоа и нови давачки каки ДДВ, воен данок и друго, ЈП изработи Методологија во која, согласно Укажувањата од Државниот комунален инспекторат, ја изрази цената на услугите према физичките и правни субјекти во ден/м2.
 
Кај физичките (граѓански) лица, Методологијата се обидува да изнајде најреална поделба во однос на висината за наплата согласно со расположивата квадратура на стамбен простор и дворно место. Со оваа градација се дојде до фактот дека физичките лица кои располагаат со станбен простор помал од 57 м2 ќе плаќаат помала цена од досегашната. Сукцесивно, за поголема квадратура, истата се зголемува но се до границата од 100 м2 стамбен простор. Олеснителна околност е фактот дека во стамбен простор - куќи пресметката се однесува на стамбена квадратура а не на број на фамилии кои живеат во неа кои и беа основа за досегашното паушално оптоварување.
За правните субјекти појдовна основа за пресметка е 15 м2 деловен простор. Со ова се елеминираат сите паушални вредности за наплата со што за секој нов м2 деловен простор и дворно место, правниот субјект треба да плати ден/м2. Анализата покажа дека со оваа Методологија за правни субјекти кои имаат поголема дворна површина, треба да платат помалку од досегашната наплата. Правни субјекти кои имаат поголем деловен простор (прават поголема количина на комунален отпад) треба да платат согласно пресметката. Во целина, тешко е да се направи споредба со ценовницвте во останатите градови во Р.Македонија бидејки само Куманово и Битола имаат самостојни комунални претпријатија за одржување на хигиена. Сите останати градови работат со негатива (од оваа област) која воглавно се компензира со цена од услугите на водоснабдувањето.
 
Исто така, ЈП мора да мисли и за сегашните и понатамошни инвестициони активности: обнова на возниот комунален парк, набавка на погребно возило, довршување на активностите за тампонирање на паркинг простор и улици во гробиштата и др.
 
ЦЕНОВНИК
а комунални услуги на Ј.П "Чистота и зеленило"
НАДОМЕСТ ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ НА СМЕТ
 
ПРАВНИ СУБЈЕКТИ
 
- Правни субјекти за површина на деловен простор од 15 м2; 24,00 ден/м2
- Правни субјекти за површина на деловен простор над и под 15 м2; 1,90 ден/м2
- Правни субјекти за дворно место; 0,80 ден/м2 НАДОМЕСТ ЗА ИЗНЕСУВАЊЕ НА СМЕТ ОД ГРАЃАНИ
- Граѓани за станбен простор од м2; 3.50 ден/м2
- Граѓани за дворно место од м2; 0,30 ден/м2
- Минимална квадратура на станбен простор за пресметување на ѓубрарина е 40 м2 - Максимална квадратура на станбен простор за пресметување на ѓубрарина е 100 м2.
 
МЕТОДОЛОГИЈА
 
за цени по м2 за физички лица
 
Пресметувањето на надоместокот за ѓубрарина за физички лица Согласно законот за отпад на РМ и Одлуката за комунален ред на општина Куманово ќе бнде ден/м2 за станбен простор и ден/м2 за дворно место.
Пресметувањето на надоместокот за ѓубрарина за станбен простор за физички лица да биде по цена од 3,5 ден/м2.
Пресметувањето ва надоместокот за ѓубрарнна за дворно место за физнчки лица да биде по цена од 0,3 ден/м2. Надоместок за ѓубрарина за физичките лица за површина ва стамбен простор помала од 40 м2 ќе биде како за стан од 40 м2.
Надоместок за ѓубрарина за физички лица за површина на стамбен простор поголем од 100 м2 да се врши како за став од 100 м2.
 
МЕТОДОЛОГИЈА
 
за цени по м2 за правни лица
 
Пресметување на надоместокот за ѓубрарина за правните лица согласно Законот за отпад на РМ и Одлуката за комунален ред на општина Куманово ќе биде по ден/м2 за деловен простор и ден/м2 за дворно место.
 
Појдовна основа (база) за пресметувањето на надоместокот за ѓубрарина за деловен простор е површина од 15 м2 по цена од 24 ден/м2 и тоа:
 
1.На правните субјекти кои располагаат со површина на деловен простор помала од 15 м2, ѓубрарината ќе им се пресметува за 15 м2 по цена од 24 ден/м2, намалена за разликата помеѓу базната и вистинската површина по цена од 1,9ден/м2.
2.На правните субјекти кои располагаат со површина на деловен простор поголема од 15 м2, ѓубрарнната ќе им се пресметува за 15 м2 по цена од 24 ден/м2, зголемена за разликата помеѓу базната и вистинската површина по цена од 1,9 ден/м2. Пресметувањето на надоместокот за ѓубрарина за дворно место за правните лица ќе биде по цеиа од 0,8 ден/м2.
 
СТАРИ ВЕСТИ
2008-07-04
Протераните Македонци од Грција со права од меѓународните конвенции ... Читај повеќе

2008-07-04
Чешка за антиракетниот штит, Полска засега против ... Читај повеќе

2008-07-04
Над 70 проценти од Србите се за ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Маневски:Црвенковски помилува две лица осудени за изборни насилства ... Читај повеќе

2008-07-04
Визјак:Несреќата предизвикана од погрешна човечка одлука ... Читај повеќе

2008-07-04
Секој напад на Иран ќе биде сфатен како војна ... Читај повеќе

2008-07-04
Заврши штрајкот на возачите во Индија ... Читај повеќе

2008-07-04
Започнаа преговорите меѓу Русија и ЕУ ... Читај повеќе

2008-07-04
Експлозии во Софија со слаб интензитет, оставка на зам. началник ... Читај повеќе

» alle Nachrichten